Ќерката на Мила Јовович расте во Америка, но зборува на чист руски (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
12-годишната ќерка на Мила Јовович напиша бајка за стаорецот Борја и жабата Лариса на руски јазик. Актерката објави на „Инстаграм“ снимка на која девојчето ја чита својата приказна.

Мила Јовович објаснува дека за време на карантинот поради епидемијата на коронавирус нејзината ќерка почнала да им посветува повеќе време на часовите по руски јазик.

„Денес реши да напише приказна на руски! На кирилица! Приказната е глупава и симпатична, за стаорец и жаба кои живеат заедно и подготвуваат вечера“, објаснува таа.  

Мила Јовович е ќерка на српскиот лекар Богдан Јововиќ и советската актерка Галина Логинова. Предците на Мила по таткова линија живееле во Црна Гора. Мила е родена во Киев.