На Кримскиот мост ќе има контролен пункт заради спречување на внесување на COVID-19 на полуостровот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

На Кримскиот мост ќе биде поставен контролен пункт заради спроведување на стопостотна контрола на граѓаните со цел спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус, соопшти во средата, 1 април, претседателот на Република Крим Сергеј Аксјонов.

Претходно Аксјонов соопшти дека од полноќ на 2 април во републиката се воведува карантин поради коронавирусот.

„Од нула часот на Кримскиот мост ќе биде поставен контролен пункт. Ќе се спроведува стопостотна контрола на целокупниот патен сообраќај“, рече Аксјонов на седницата на републичкиот оперативен штаб за спречување на ширењето на коронавирусот.

Покрај тоа, според него, се следи искуството на другите региони кога станува збор за контролата на возовите и воздушниот сообраќај.