„Драги пријатели, мој тест на СoV е позитивен, но се чувствувам добро. Се изолирав во својот кабинет и ги имам сите услови да продолжам со работа“, напиша лекарот на својот профил на „Фејсбук“.
Пред само една недела, на 24 март, претседателот на Русија Владимир Путин ја посети болницата во московската населба Комунарка каде што се сместени пациентите на кои се сомнева дека се заразени со коронавирус и притоа разговараше со Денис Проценко.
„Претседателот регуларно се тестира“, рече портпаролот на Путин Дмитриј Песков и додаде дека сите тестови засега се негативни.