Песков: Молбата за помош на братската држава Србија нема да остане без внимание

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека молбата за помош од Русија, која пристигна од Белград, нема да остане без одговор.

„Не сум во целост запознаен со тоа дали стигнала молба од Србија за помош. Како и да е, нема сомнение дека таа молба нема да остане без внимание, особено што се работи за важна, сојузничка и братска земја“, истакна Песков. 

Владата на Србија на вчерашната седница одлучи да побара помош од Русија поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот. Србија бара конкретна помош во рамките на договорот за соработка меѓу Србија и Русија во вонредни ситуации.