Според достапните информации, двете прачки му припаѓаат на Краснојарскиот завод за благородни метали „Гулидов”.
Скапоцениот товар требало да биде испратен со лет од Москва за Лондон.
„Потврдуваме дека припадниците на службата за обезбедување на аеродромот пронајдоа две златни прачки на внатрешниот пат на територијата на аеродромот“, соопшти началникот на прес-службата на Дирекцијата за односи со јавноста на аеродромот „Шереметјево“.
Прес-службата додаде дека инцидентот е веќе решен и дека товарот во комплетен обем му е испорачан на клиентот. Аеродромот спроведува службена истрага, соопшти прес-службата.