Доктор Проценко кажа кога епидемијата на коронавирусот во Москва ќе го достигне врвот

Софья Сандурская/mskagency
Кулминацијата на ширењето на инфекцијата од коронавирусот во рускиот главен град веројатно ќе настапи кон средината или кон крајот на следната недела, смета главниот лекар на московската болница за лекување на заболени од коронавирусот Денис Проценко.

„Мислев дека врвот ќе настапи кон крајот на оваа недела. Сé уште е во тек порастот, па сега мислам дека врвот ќе биде кон средината или крајот на следната недела“, изјави Проценко.

Според него, сега нема прекумерни мерки во борбата против ширењето на коронавирусот. „Колку повеќе рестриктивни и карантински мерки ќе примениме самите заради себе, толку борбата ќе биде поефикасна“, рече тој.

На 25 март претседателот на Русија Владимир Путин во обраќањето до руските граѓани објави дека неделата од 18 март до 5 април ќе биде неработна со нормална пресметка на платата, за да се запре ширењето на коронавирусот.

Болницата бр. 40 во реонот Комунарка во Москва е наменета за пациенти заразени со коронавирус или заболени од тешко запаление на белите дробови.

Досега во Москва се регистрирани 703 лица заразени со коронавирус. Во Русија вкупно се регистрирани 1036 случаи на зараза, 3 лица починаа, а 45 оздравеа.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња