Продажбата на презервативи во Русија скокна 31% за недела дена поради пандемијата на коронавирус

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Граѓаните очигледно сериозно ги сфатија препораките за самоизолација и карантин.

Во Русија поради пандемијата на коронавирусот COVID-19 продажбата на презервативи за недела дена скокна за 31,8%, пишува РБК повикувајќи се на истражувањето на аналитичката компанија DSM Group.

Таков скок е забележан во споредба со истиот период 2019 година. Тогаш во единаесеттата недела во Русија се продадени 477000 пакувања со презервативи во вредност од 122 милиони рубли, а во 2020 година цели 589000 во вредност од 161 милиони рубли, што е за 31,8% повеќе.

Граѓаните на Русија во 2020 година најчесто купуваат презервативи од марката Durex, а на второто место е Contex.