Русија поради коронавирусот го ограничи авиосообраќајот со сите земји

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Русија поради пандемијата на коронавирусот од 23 март воведува ограничувања на воздушниот сообраќај со сите земји во светот, соопшти Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација).

Се запираат сите летови кон странските земји, освен летовите од Москва до престолнините или главните градови. На списокот со исклучоци што го објави агенцијата се наоѓаат летови за 146 земји (еден лет за секоја земја).

Исклучок претставуваат и чартер-летовите, кога се работи за евакуација на странци и руски државјани заради нивно враќање во својата земја.

Русија од 1 февруари поради коронавирусот ги воведе првите ограничувања на воздушниот сообраќај. Тогаш беа запрени некои летови за Кина. Подоцна ограничувањата беа проширени, меѓу другото, на сообраќајот со Јужна Кореја и Иран. Следеше запирање на летовите во европските градови, почнувајќи од италијанските.

Ограничувања во авиосообраќајот воведоа и други земји. Авиокомпаниите ширум светот беа принудени да ги откажат повеќето летови.  

Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија на новиот коронавирус COVID-19. Во светот се заразени околу 300 илјади луѓе, а речиси 13 илјади починаа. Во Русија, според последните податоци, има 367 заболени.