Во Русија веќе се пуштени од болница девет пациенти кои претходно биле заразено со коронавирус. Ова во петокот беше објавено на сајтот стопкоронавирус.рф кој Владата на Русија го стартуваше заради информирање на населението за ситуацијата поврзана со ширењето на вирусот во земјата.
„Девет луѓе оздравеа“, се вели во соопштението.
Тука не се вброени трите лица кои беа довезени во Русија од туристичкиот брод Diamond Princess, на кој коронавирусот се прошири нагло. И тие се пуштени дома.
Според најновите податоци на оперативниот штаб, во Русија се регистрирани 199 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат полесна клиничка слика.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче