Путин: Треба да се биде подготвен за секаков развој на настаните во врска со COVID-19

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Претседателот на Русија Владимир Путин ги пофали мерките кои властите на Севастопол ги применуваат во спречувањето на ширењето на новиот коронавирус и повика на подготвеност на секаков развој на настаните по тој повод.

Тој го изјави ова на состанокот со губернаторот на регионот Михаил Развожаев. Шефот на руската држава притоа беше информиран дека во Севастопол во овој момент 77 лица се наоѓаат во куќна изолација, а осум на инфективна клиника.

„Треба да се биде подготвен за секаков развој на настаните, така што добро сте постапиле“.

Развожаев истакна дека во Севастопол и на Крим кај никого не е дијагностициран коронавирус.

Тој додаде дека во регионот се воведени мерки на зголемена подготвеност и се откажани сите масовни собири.

Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирус во светот на 11 март.
Руските медиуми пренесуваат дека во Русија во овој момент има 147 потврдени случаи на заразени и дека едно лице починало. Меѓутоа, се појави официјален демант на Оперативниот штаб во кој се повикува на обдукција и се вели дека 79-годишната жена која била позитивна на коронавирусот не починала од оваа инфекција, туку дека се работело за тромб.

Во светот има околу 218 илјади заразени, додека повеќе од 8,5 илјади луѓе ја загубија битката со злокобниот вирус.