„Мистичниот реализам” на Владивосток (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Фотографите кои живеат на крајот на светот поинаку ги доживуваат просторот и боите.

Денис Коробов, еден од најпознатите улични фотографи во Владивосток, ја бележи неофицијалната страна на градот која нема да ја запознаете преку разгледници или туристички водичи. Според неговите зборови, омилен жанр му е мистичниот реализам. „Фотографијата е огледало кое го одразува нашиот свет“, вели тој,

Денис го започнал своето фотографско патување пред девет години, кога имал 20. Оттогаш има сменето неколку фотоапарати и веќе имаше неколку индивидуални изложби во Владивосток и Москва.

На гледачот тој му го прикажува Владивосток преполн со изненадувачки светли бои низ необичен спектар од предмети и појави. Неговиот Владивосток се заборавени стари играчки, мачки што се одмараат во пластични шишиња, како и неочекуваните контрасти и драматичноста на секојдневието.

1. На столб

2. Мачка

3. Постелнина

4. Сушење

5. Часовник

6. Кукла „немирка“

7. Овошје

8. Голубарник

9. „Претскажувања”

10. Покрив

11. Пантер

12. Зеленило

13. Реонот Егершелд

14. Гагарин

15. ‘Ртот Кунгас