Црна Гора бара „услуга за услуга“ и одлага евакуација на руски државјани

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Враќањето на руските туристи кои поради епидемијата на коронавирусот се задржаа во Црна Гора се одложува, cоопшти во средата, 18 март, дипломатски извор за ТАСС.

„Русија е подготвена за префрлување на своите граѓани. Авионите се подготвени, амбасадата е подготвена, сите документи се регулирани, но проблем има со координацијата на црногорските власти за лет на авионот кој ги превезува црногорските граѓани од Русија“, рече тој.

„Црногорските граѓани не се систематизирани“, додаде соговорникот на агенцијата. „Тоа се и студенти, и туристи, и вработени. Нив треба да ги соберат, но со тоа треба да се занимава црногорската страна“.

Претходно во вторникот руските авиокомпании соопштија дека не можат да ги вратат во Русија своите патници поради тоа што црногорските власти не даваат дозвола за лет. Руската Федерална агенција за воздушен сообраќај соопшти дека заедно со Министерството за надворешни работи на РФ работи на решавање на тоа прашање. Во Тиват за лет чекаат преку 1100 патници.