Како Русите се борат со коронавирусот со хумор! Најдобрите мемиња и шеги

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Русите, како и многу други низ целиот свет, се трудат да не заглават во паника, па наместо тоа тие се обидуваат да го направат поинтересно живеењето во карантин.

Во Русија до 17 март има 93 инфицирани луѓе со коронавирусот. Властите не прогласија вонредна состојба (иако властите на Москва ја разгледуваат можноста за воведување строг карантин). Како и да е, преземени се определени мерки, како што е откажување (или одложување) на поголемиот број масовни настани, 14-дневен карантин за оние кое неодамна дошле или се вратиле од земјите во кои владее коронавирусот, и самоизолација за учениците и определени компании и организации кои можат да си дозволат да работат оддалечено.

Засега поголемиот дел луѓе, сепак се работи за бизнис, сè уште одат на работа и користат јавен транспорт... па еве што се случува кога снемува заштитни маски.

Во меѓувреме, „органските“ маски можат да станат тренд … 

Всушност, многу Руси навистина веруваат дека кромидот и лукот можат да помогнат во борбата против вирусите и грипот... но, за тоа треба да ги јадете, а не да ги носите како моден додаток.

Еве уште еден пример за заштитна маска ала „Рус“.

За оние земји во кои се чувствува недостиг од тоалетна хартија, Русите кои се родени во Советскиот Сојуз, можат да дадат трикови: не грижете се... весниците се исто толку добри (особено оние што не сакате да ги читате)!

Додека на мемињата гледаме како Чесите купуваат пиво, а Италијанците паста, Русите ги празнат рафтовите со зрнести производи. Никој не може да изеде толку за еден ден, но очигледно е доволно за долгорочна изолација од коронавирус...

„Сакам да ги чујам тие три збора“ – „Јас купив хељда.

И кога луѓето слушнаа дека цената на хељдата се зголемува... со неа можете да украсите прстен, нема да ви треба дијамант.

Исто така се расчу дека алкохолот го убива вирусот, па Русите почнаа да се шегуваат: „Немате никаква моќ тука, во Русија!“

Речиси сите летови до неколку европски земји од Русија се откажани, а на московските аеродроми се тестираат оние што пристигнуваат. Снимката со „истерувачите на духови“ кои танцуваат на аеродромот Шереметјево станаа достапни за јавноста.

Секако, постојат и многу шеги за луѓето кои остануваат дома... „Експертите препорачуваат сите ваши секојдневни обврски, дури и работните, да ги врште од дома“.

Ова е топлинска мапа на тастатурата на оние што работат од дома:

Луѓето исто така полудеа по миењето раце и антисептиците...

И секако, луѓето не можат да не прават шеги поврзани со Кина:
„Штета да донесеш вирус од Италија, а сепак да еmade in China.“

Некои не се плашат од нарачките што ги направиле на Алиекспрес... „Имате пратка од Кина...“

Кога одите во пошта да подигнете пратка од Кина, најдобро е да се облечете како во серијата „Чернобил“ на HBO...

Во исто време, Русите сметаат дека Грета Тунберг е среќна од ситуацијата. „Фабриките не работат, авионите не летаат... Прекрасно!“

Има и црн хумор:
Каква фризура сакате?
Нуларица.
Нема проблем!

И на крајот, еве што мисли Владимир Путин за коронавирусот...
„Драги пријатели, готово!“

А, што мислите за ноктиве, ви се допаѓаат?