Песната што ќе ја претставува Русија на „Евровизија“ засега ненадмината на „Јутјуб“ (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија ја има вистинската песна за „Евровизија“: 2,4 милиони прегледи за помалку од 24 часа!

Видеото за песната Uno, со која руската рејв-група Little Big ќе настапи на „Евровизија“ годинава, засега е најпопуларното на „Јутјуб“. Видеото беше објавено на 12 март на каналот Eurovision Song Contest и за десет часа собра 1,3 милиони прегледи, додека во моментов се 2,4 милиони. На второ место е видеото на украинската претставничка Go A со милион прегледи за две недели.