„Ги учев децата, па и самиот научив“: православен свештеник се вози низ град на моноцикл (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Жител на Краснотурјинск (Свердловска област) сними православен свештеник како се вози на моноцикл. Неговата снимка ја објавија голем број локални медиуми и групи на социјалните мрежи. Луѓето ги изненади овој необичен начин на транспорт.

„Ако не знаете што е моноцикл, изгледа како да лета”, напиша Дмитриј Сисоев.

„Кога ноќе ќе налеташ на вакво нешто, нема да ти е до смеење“, смета Алексеј Серухин.

„Ноќе на светлината на фаровите сигурно изгледа епски”, претпоставува Илијана Мардар.

„Закон! И свештеникот е човек”, го поддржа Анастасија Фјодорова јунакот од снимката.

Се покажа дека на снимката е отец Петар Мажетов. Тој работи во селото Костиљова, служи во машкиот Свето-Космински манастир, а во Краснотурјинск бил на службен пат.

Според зборовите на свештеникот, моноциклот му го подарил пријател за селскиот детски клуб.

„За да ги научам децата да го возат, и самиот морав да научам. Понекогаш го користам кога е убаво времето за да заштедам време и да не стојам во гужва“, објасни свештеникот.