Европските диетолози истражуваат: Што јадат и во каква форма се Путин, Меркел и Трамп

ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Стручњаците на Европскиот медицински институт за превенција на дебелината ја споредија исхраната на четворица светски лидери – на претседателите на Русија и Америка Владимир Путин и Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Педро Санчез, пишува El Confidencial.

Како што се наведува, рускиот претседател во својата 67 година е во завидна форма. Типичната исхрана на Путин подразбира посно месо, масна и безмасна риба, овошје, зеленчук, житарки и јајца. Претседателот се обидува да избегнува преработки, како и алкохол, но кога треба да се наздрави предност имаат виното или пивото. Неговиот појадок е обично силен, а на менито се омлет или сирови јајца од препелица, овошје и суво овошје, каша од хелда со додаток просо и алтајски мед, додека вечерата е лесна и е составена од млечни или киселомлечни производи. Таквата добра форма ја одржува благодарение и на редовното занимавање со спорт, пливање, боречки вештини, хокеј и скијање.  

Американскиот претседател Доналд Трамп има проблеми со холестеролот, а индексот на телесна маса укажува на лесен облик на дебелина. Седумдесет и двегодишниот американски лидер е огнен поборник на брзата храна, а во неговата исхрана преовладуваат хамбургери и сендвичи со јајца и кашкавал, сланина и сосови, пржени крилца со помфрит, пица, ладни пијалаци и печива. Претседателот на пие алкохол, но сака кока-кола лајт со кофеин и чоколадни шејкови. Во младоста се занимавал со бејзбол и фудбал, но сега го сака седечкиот начин на живот.

Шеесет и петгодишната канцеларка Ангела Меркел ги сака нордиското скијање и пешачењето, но не се занимава со спорт редовно. Во исхраната Меркел ја преферира националната кујна, а тоа значи колбаси и пире, како фонду од сирење и пиво, но затоа за вечера јаде зеленчук.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња