Поранешен капeтан на претседателскиот авион откри како се храни Путин за време на летовите

Kremlin Pool/Global Look Press
Поранешниот капетан на рускиот авион број 1, личен пилот на највисоките државни функционери на Русија, Владимир Федорушкин зборуваше за тоа како се подготвува храната за претседателот Владимир Путин.

Според зборовите на Федорушкин во емисијата „Нови руски сензации“ на каналот НТВ, целата храна за Кремљ се подготвува однапред и се внесува во авионот во затворени пакувања. Стјуардесите во авионот ги отвораат пакувањата и ги подгреваат јадењата.

„Во Ил-76 имаме две нивоа, кујната се наоѓа на долното ниво, а тука е стјуардесата задолжена за кујната. Таа му ги изнесува јадењата на претседателот“, објасни пилотот.

Според него, се случувало претседателот да не биде сосем задоволен од понудените јадења.

„Владимир Владимирович понекогаш ќе кажеше: Повторно таа јадење! Би посакал нешто повкусно, позачинето. Некои од јадењата скиснуваа. Тој не баш изразуваше незадоволство, туку само дека не е воодушевен што мора да го јаде тоа. Во принцип, државните челници во авионот малку јадат. Само кога станува збор за долги патувања“, рече Федорушкин.

Тој исто така објасни дека кога претседателот патува во странство, храната за него ја подготвуваат луѓе кои претходно заминуваат во странство, купуваат намирници и ги подготвуваат јадењата за враќање.

Прочитајте повеќе: Што јаде претседателот Путин?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња