Како се штити Путин од коронавирусот?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Се преземаат мерки за заштита на претседателот на Русија Владимир Путин од коронавирусот, се прави сé што е неопходно, рече официјалниот претставник на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости”. 

Според него, шефот на руската држава се штити по пат на обични хигиенски мерки кои им се достапни на сите граѓани.

Портпаролот на шефот на руската држава притоа не се согласи со тврдењето дека ситуацијата со оваа болест во Москва е отежната.

На 1 март Владимир Путин изјави дека ситуацијата со коронавирусот во земјата е генерално под контрола. Според неговите зборови, властите ги преземаат сите неопходни мерки со цел спречување на ширење на инфекцијата. Според најновите податоци, во светот со новиот тип коронавирус се заразени 90 илјади луѓе, а преку три илјади починаа. Случаи на инфекција, освен во Кина, се забележани во повеќе од 60 земји. Во Русија се познати шест случаи на инфекција.