Убаво, ама морничаво: Светлосни столбови над Санкт Петербург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Редок оптички феномен во вид на светлосни столбови на небото се укажа над северната руска престолнина Санкт Петербург. Појавата која не е непозната, затоа што научниците одамна ја опишаа, покрај тоа што претставува убава и несекојдневна глетка, изгледа и прилично морничаво.

Научниците објаснуваат дека во многу студениот воздух се наоѓаат ледени кристали, а изворите на светлина на небото и земјата ги осветлуваат парчињата мраз кои изгледаат како вертикално извлечени столбови во разни бои. Од земјата ги осветлуваат ламбите и рефлекторите на зградите и во парковите, а од небото најмногу месечината и по малку ѕвездите, како и светлите планети.

Жителите на Петербург и нивните гости редовно споделуваат фотографии од овој необичен природен феномен на социјалните мрежи. Иако не се работи за необјаснива појава, сепак не се гледа често, а за да се забележи, потребно е ведро и студено време, спој каков што во Санкт Петербург е редок.