Ракија стара 50 години за Путин: Србинот кој пешачи до Москва кажа што има во ранецот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Љубовта прави чуда. Тешко ми е на пат, но сакам да дојдам до Москва. За пари никогаш не би тргнал на ваков пат, но одам затоа што сакам да му стиснам рака на тој човек (претседателот на Русија)“, рече српскиот спортист.

72-годишниот Ужичанин Милован Милутиновиќ ги помина пеш првите 200 километри на патот до Москва за Парадата на Победата на 9 мај, каде што се надева дека ќе му стисне рака на претседателот Владимир Путин и ќе му врачи матарка со ракија стара 50 години, пишува дописникот на РИА „Новости“.

„Минатата сабота тргнав од Ужице. Кога ќе поминам уште десет, ќе бидат тоа 200 километри. Ова е веќе вториот пар обувки. Си купив патем нови патики, бидејќи старите се распаднаа. Носам со себе уште пет дуксерки, десет пара долна облека, десет маички. Имам во ранецот вкупно 22 килограми и транспарент. А во рацете носам матарка со ракија стара 50 години за претседателот Владимир Путин“, рече Милутиновиќ на патот во близина на српскиот главен град.

„Го одбрав 9 мај затоа што знам какви жртви поднесе рускиот народ за Победата и колку милиони советски војници загинаа за мир на нашата земја“, рече Милутиновиќ.