Васја го освојува интернетот: Руска питома мечка јаде грозје заедно со газдарицата (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Мечката Василиј од Јарославската област на Русија повторно го освои интернетот. Медиумите дојдоа до ексклузивна снимка од неговиот интересен оброк. Василиј излегува од дрвена куќичка по еден човек, а потоа јаде грозје. Гранката со деликатесот ја придржува неговата сопственичка Вија Лисицина.

Василиј дојде кај Вија од одгледувалиште во кое животните ги одгледуваат за зоолошки градини. Според зборовите на неговата сопственичка, во иднина таа би сакала да земе уште неколку мечки и да отвори свое одгледувалиште. Денес Василиј живее во одлични услови: шета покрај езерце во ограден простор. Вија тврди дека мечката е одгледувана со љубов, има добар однос спрема луѓето и секогаш им се радува на гостите.

Василиј умее да изведува различни трикови, понекогаш се појавува во филмови, а на „Инстаграм“ има своја страница (@bear.vasiley), каде можете подобро да се запознаете со неговиот живот.