Чеченците распишаа потерница по мачка, љубителка на див лук

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Министерот за туризам на Република Чеченија Муслим Бајтазиев огласи на „Инстаграм“ шеговита потерница по мачка кој се прослави на интернет со снимката на која ужива во див лук.

„Почитувани жители на Чеченската Република! Објавувам потерница по мачката која на снимката што со молневита брзина се прошири на интернет јаде див лук. Неопходно ни е потребно да ја пронајдеме наведената непозната мачка за да ја повикаме на гастрономскиот фестивал во својство на специјален гостин и за да има можност таа да ја претставува нашата Република на најголемиот фестивал на див лук во светот“, вели во видео-пораката на официјалната инстаграм-страница на чеченскиот ресор за внатрешни работи министерот Муслим Бајтазиев.