Длабок изрез на маички или џемпери
Global Look Press
Овој крој повеќе им одговара на жените. На мажите подобро им стои обичен ве-изрез.
Кратки пантолони
Global Look Press
На жените дури и на плажа им е тешко да гледаат претерано разголени влакнести машки нозе.
Каиши со големи токи
Global Look Press
Можеби некогаш и биле модерни, но денес би можеле да бидете обвинети за невкус. Многу подобро изгледа кога мажите носат класичен ремен.
Бои за девојчиња
Global Look Press
Русинките воопшто не сакаат кога мажите носат виолетова или розова облека. Тие бои ги асоцираат на кукли и облека за девојчиња.
Премногу тесни пантолони
Global Look Press
Во многу продавници ваквите фармерки и пантолони речиси ги потиснаа оние со обичен крој, но на жените сеедно не им се допаѓаат, затоа што, според нивното мислење, повеќе личат на женски хеланки или скини-фармерки.
Тренерката е кошмар
kaifolog.ru
Жените не поднесуваат мажи кои не водат сметка за себе. На пример, повеќето жени не можат да ги смислат мажите во тренерки, особено кога ги носат под пантолоните.