Морски ангел од Белото море ги освои корисниците на социјалните мрежи ширум светот

На социјалните мрежи се шири атрактивна видеоснимка, направена во Русија, на ситен мекотел кој плови под мразот на Белото море.

Корисниците на интернетот ширум светот се воодушевени од ситниот мекотел снимен под мразот на Белото море во Русија. Ова живо суштество ќе биде наречено „морски ангел“, живее во водите на северните мориња, а долго е само од два до четири сантиметри. Интересно е што овие „ангели“ јадат морски ѓаволи, исто така морски мекотели кои живеат во школки.

Овие животни активно се проучувани од неврофизиолозите затоа што имаат големи неврони кои јасно се разликуваат, што овозможува да се проучат механизмите на нивната интеракција.

Корисниците на социјалните мрежи, меѓутоа, беа воодушевени пред сé од надворешниот изглед и префинетоста на овие суштества. Така еден од корисниците се прашува чуму му се роговите ако веќе е морски ангел. Друг констатира дека гледањето на нивното движење делува смирувачки. Трет, пак, предлага зборовите бестелесен и воздушен во речниците да се илустрираат со овие фотографии.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња