Американците евакуирани од кинескиот град Вухан, жариштето на смртоносниот коронавирус, ја критикуваа организацијата од страна на САД на напуштањето на овој град во провинцијата Хубеј, пишува „Вашингтон Пост“.
Се работи за американската евакуација на 530 граѓани на САД која беше спроведена на 5 февруари. Американците зборуваат за неверојатниот хаос на аеродромите, споредувајќи се себеси, меѓу другото, и со бегалци. САД претходно ги евакуираа своите дипломатски претставници од Вухан. Со организацијата на спасувањето на другите граѓани на овој град се занимаваа вработените во амбасадата во Пекинг, кои лошо се снајдоа во локални услови. Новинарите ја пофалија руската евакуација и вработените во конзуларните претставништва кои организираа интерактивни маси со знаме и обезбедија автобуси за транспорт до аеродромот.
Руските дипломати, како што веќе е пишувано, изнајмија автобуси со кои ги довезуваа сонародниците од повеќе од десет градови, при што некои се наоѓаа и 400-500 километри оддалеченост од Вухан. Службениците на амбасадата ја организираа евакуацијата на 144 лица, од кои 128 се Руси, а 16 граѓани на ЗНД.
САД ги евакуираа првите 240 свои граѓани од Вухан на 29 јануари, првенствено вработените во дипломатските претставништва, додека оние за кои се сомневаше дека се заразени со коронавирус не беа превезувани.
Бројот на заболени од воспаление на белите дробови предизвикано од вирусот 2019-nCoV во Кина надмина 31000. 566 лица починаа, 1382 пациенти се излечени. Епидемијата на коронавирус беше регистрирана најпрвин во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година. Освен во Кина, случаи на заболување се појавија во преку дваесет земји. Светската здравствена организација по повод епидемијата прогласи глобална вонредна состојба. Експертите не ја исклучуваат можноста епидемијата да прерасне во пандемија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче