Во заштитни одела и маски и пилотите:Објавена снимка од слетувањето на авион на руските ВКС во Вухан

Авионите на ВКС ги транспортираа Русите кои решија да се вратат во земјата поради епидемијата на новиот коронавирус 2019-nCoV во Кина. Неколку минути пред слетувањето на авионот, членовите на екипажот облекоа маски и ракавици и ги проверија своите заштитни одела.

Снимката ја објави телевизијата „Ѕвезда“.

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно наложи во процесот на евакуација на руските граѓани од Кина поради епидемијата на коронавирусот да се вклучат воените авиони. Министерството за одбрана на РФ соопшти дека за транспорт на Русите во татковината е формирана воздухопловна група од пет летала. По тој повод во кинескиот град Вухан одлетаа два авиона.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња