Фјодор Емелјаненко го фали и критикува Нурмагомедов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Последниот император“ исто така рече дека не е умесно да се споредуваат тој и Хабиб.

„Хабиб го пронајде стилот на борба кој му носи успех. Тој е моќен затоа што е шампион на UFC и одлично ги користи своите предности“, ги цитира агенцијата ТАСС зборовите на Фјодор. „Но, би требало, секако, тој да ги пополни деталите што му недостасуваат во техниката, затоа што има празнини во неа. Тоа се ударите со раце и нозе. Сè друго кај него е во ред. Тој има време да ги совлада тие техники и да биде уште подобар“.

Емелјаненко смета дека не е умесно да се споредуваат неговиот и Хабибовиот придонес за мешаните боречки вештини, затоа што се работи за различни категории и епохи.