„Успешниот човек е модерен култ. На социјалните мрежи, дотерани мажи во скапи костуми стојат покрај моќните автомобили во двор на вила надвор од градот и, играјќи на имиџот на успешен човек, ме покануваат на бесплатни семинари, по кои сигурно ќе станам успешен“, вака Павел Докучаев, инженер во едно претпријатие за машиноградба го опишува својот фотографски проект.
Павел Докучаев
Павел, во потрагата по совети како да се постигне успех, проучил неколку десетици сајтови.
„Сакав да најдам некои специфични совети, но на крајот сфатив дека кај сите се приближно исти“, објаснува фотографот.
Така тој издвоил десет типични совети за успешен живот:
1. Користете деловен стил во облекувањето
Павел Докучаев
2. Имајте хоби
Павел Докучаев
3. Работете
Павел Докучаев
4. Ризикувајте
Павел Докучаев
5. Развивајте ги комуникациските вештини
Павел Докучаев
6. Занимавајте се со спорт
Павел Докучаев
7. Согласете се со секој предлог
Павел Докучаев
8. Читајте повеќе
Павел Докучаев
9. Опкружете се со истомисленици
Павел Докучаев
10. Направете олтар на успехот
Павел Докучаев
Додека работел на проектот, Павел сфатил дека за да човек се претстави како успешен, мора да има таканаречен „збир на атрибути на богатство“: скап костум, автомобил, добар стан и одмор во странство секоја година.
„Кај некои луѓе „Инстаграм“ оживува 1-2 пати годишно додека патуваат. Одмор во странство е априори атрибут на успешен човек во нашата земја“, смета Павел. „Се добива впечаток дека луѓето се плашат да го покажуваат својот секојдневен живот, затоа што тој не е толку посебен и богат. Се плашат дека некој би можел да рече: о, таа повторно го поминува одморот во својата викендичка копајќи во градината. И поради тоа ме обзема тага. Поради наметнатите стереотипи честопати сме принудени да создаваме илузија на успех, наместо да бидеме она што сме“.