„Старешината на подворјето протојереј Игор Зуев отслужи молебен за спасение од епидемијата на корона - вирусот на пнеумонија, која ја зафати пријателска Кина”, ги цитира „Интерфакс” зборовите на православниот активист Кирил Фролов.
Тој рече дека на молебенот дошле повеќе од 60 Кинези кои живеат во руската престолнина. Меѓу нив имало како православни, така и оние кои се подготвуваат за примање на православието. Меѓу нив имало студенти, претприемачи и дипломати.
Global Look Press
Првите случаи на атипична пневмонија беа забележани во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Се покажа дека болеста е предизвикана од претходно непознат корона вирус кој го доби називот 2019-nCoV.
Според најновите податоци, во Кина се заразени над 4,5 илјади луѓе, а повеќе од 100 лица починале. Вирусот се прошири и во други земји: забележани се случаи на Тајланд, во Австралија, Сингапур, Јапонија, САД, Малезија, Германија, Франција и други земји. Нема регистрирани случаи на зараза во Русија.