По триумфот на ЕП: Германците ги изнервира руската „фабрика за производство на лизгачи“

Сите три медали во уметничко лизгање во поединечна конкуренција на Европското првенство во Грац им припаднаа на Русинки: Ана Шчербакова (сребро), Аљона Косторнаја (злато), Александра Трусова (бронза).

Сите три медали во уметничко лизгање во поединечна конкуренција на Европското првенство во Грац им припаднаа на Русинки: Ана Шчербакова (сребро), Аљона Косторнаја (злато), Александра Трусова (бронза).

Александар Виљф/Sputnik
Спортскиот директор на Федерацијата за уметничко лизгање на Германија Удо Донсдорф ги критикуваше руските спортистки кои ги освоија сите три медали во уметничко лизгање во поединечна конкуренција на штотуку завршеното Европско првенство во Грац. „За мене сето тоа е премногу како натпревар за деца. Не мислам дека тоа е многу добро за спортот“, рече тој.

Според пишувањето на „Зидојче Цајтунг“, дваесет и тригодишната германска лизгачка Никол Шот, од која се очекуваше многу, ги изневери надежите дека ќе им биде достојна конкуренција на ученичките на познатиот руски тренер Етери Тутербериѕе, го освои 13 место, додека Русинките, 16-годишната Аљона Косторнаја, 15-годишните Ана Шчербакова и Александра Трусова го зазедоа целиот победнички пиедестал.

„За мене сето тоа е премногу како натпревар за деца. Не мислам дека тоа е многу добро за спортот“, негодуваше спортскиот директор на Федерацијата за уметничко лизгање на Германија Удо Донсдорф.

Според него, се поставува прашањето колку долго ќе трае кариерата на младите лизгачки. Како пример ја наведе седумнаесетгодишната Алина Загитова, која ги прекина своите настапи, споредувајќи ја ситуацијата во руското уметничко лизгање со „фабрика за производство на лизгачи “.

„Спортот живее од конкуренција. Затоа тоа не е добро за неговиот развој“, рече Донсдорф, зборувајќи на руската доминација во овој спорт.

Репрезентација на Русија освои десет медали на Европското првенство во уметничко лизгање, штотуку завршено во австрискиот град Грац, вклучувајќи четири златни медали, значи, во сите категории. На победничкиот пиедестал во уметничко лизгање во поединечна конкуренција за жени се најдоа три лизгачки од Русија, притоа сите три ученички на Етери Тутбериѕе.

Со златни медали се закитија и Дмитриј Алиев, Александра Бојков/Дмитриј Козловски (во конкуренција на спортски двојки) и Викторија Синицина/Никита Кацалапов во категоријата танцови парови. На руската репрезентација исто така ѝ припаднаа и два сребрени и два бронзени медали. За прв пат од 2006 година, руските лизгачи ги освоија сите четири златни медали на турнирот.

Поранешната шампионка Татјана Навка одговори на критиките за победата на руските лизгачки.

„Во уметничкото лизгање може да се победува не само на натпреварите за деца, туку и за возрасни, така што не може да се каже дека Русија победува само благодарение на девојчиња“, рече поранешната олимписка шампионка Татјана Навка.

Во интервју за радио „Спутник“, лизгачката рече дека секогаш има такви што се незадоволни од туѓата победа.

„Кога Русите победуваат, постојано некој негодува. Секој случај е посебен. Кариерата на еден спортист може да трае и до триесет години, а може да заврши на седумнаесет години. Јас, на пример, по триесеттата победив на Олимпијадата“, рече Навка, која се закити со олимпиското злато во категоријата танцови двојки.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња