Двократната светска шампионка во уметничко лизгање во јуниорска категорија Александра Трусова е прогласена за најдобар млад спортист во зимски спортови во Европа, објави порталот „Советски спорт”.
На 14-годишната Русинка признанието ѝ беше врачено за време на семинарот на Европските олимписки комитети во Виена.
Трусова ги надмина германската сноубордистка, 17-годишната Аника Софи Морган, 18-годишната скијачка Магдалена Егер од Австрија, како и 17-годишната натпреварувачка во брзо лизгање од Словачка Петра Руснакова и 17-годишниот натпреварувач во брзо лизгање од Унгарија Атила Талабош.
Трусова се натпреварува во индивидуално уметничко лизгање.
Таа е носител на сребрен медал од Првенството на Русија 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче