Една од учесничките во настанот на шега рече дека шефот на државата малку „претерал“ со мерките за решавање на демографските проблеми. Таа раскажа дека за време на работата ѝ се јавил сопругот и ѝ рекол да си дојде дома за да работат на „подобрување на демографската слика”.
„Не можел да издржи, да дочека. Секоја чест”, прокоментира Путин.
Минатата недела рускиот претседател во своето обраќање пред Федералното собрание најави нови мерки на социјална поддршка. Меѓу другото, тој предложи мајчиниот додаток да се исплаќа и при раѓањето на првото дете, да се зголеми сумата што мајките ја добиваат за второ дете и месечно да им се помага на семејствата со деца чиј приход не ги покрива основните потреби на сите членови на домаќинството (односно сумата за „животен минимум“) по човек).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче