Претседателот на Русија Владимир Путин не се согласи со зборовите на вршителот на должноста губернатор на Мурманската област Андреј Чибис за семејствата со повеќе деца. Стенограмот од работниот состанок беше објавен на веб-страницата на Кремљ во петокот, 30 август.
Чибис ја покрена темата за нискиот животен стандард во затворените градови (градови со ограничувања за престој или патување). Според него, ситуацијата е уште полоша затоа што многу семејства имаат „огромен број деца“. „Речиси три деца по семејство“, рече тој.
„Тоа не е огромен, туку нормален број. Така и треба“, му одговори рускиот лидер.
Владимир Путин во повеќе наврати зборуваше за потребата од стимулирање на наталитетот и давањето поддршка на семејствата со деца. Во февруари, обраќајќи се на Федералното собрание, шеф на руската држава наложи да се намалат даноците за семејствата со повеќе деца. Во јули тој го потпиша законот за компензација на трошоците за обработка на хипотекарен кредит за семејствата со повеќе деца. Претседателот инаку има две ќерки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче