Русинка со четири деца прогласена за најубава жена на планетата (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург победи на натпреварот во убавина Mrs Universal Classic што се одржа во Бугарија.

Натпреварот во убавина Mrs Universal Classic се одржа во Софија (Бугарија) и на него победи 43-годишната Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург.

Во 2019 година таа беше прогласена за најубавата омажена Русинка на натпревар во Санкт Петербург и на тој начин се стекна со правото да ја претставува својата земја на финалниот натпревар од 19 до 21 јануари.

За своето учество таа облече руска народна носија: фустан сарафан и кокошник за глава. 

Претставувајќи ги своите таленти, таа пееше песна на шпански јазик.

На овој натпревар учествуваат омажени жени кои се реализирале во кариерата и имаат најмалку 40 години.

Ксенија е гинеколог во локалната болница. Има четири деца: три девојчиња и едно момче на возраст од три до 16 години.

Омиленото хоби на Ксенија е танцувањето. Обожава да игра танго и сонува да танцува еднаш во Буенос Аирес.