Руски свештеници го воодушевија француското жири и испаднаа од шоуто „Глас”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во шоуто „Глас“ ја составија групата Schola Fratrum и ја отпеаја песната „О, душо моја“. Уште во текот на настапот членовите на жирито изразија сомнеж дека би можеле да научат на нешто пејачи со такво ниво.

Петмина свештеници испеаја песна на руски јазик, настапувајќи во првата фаза на француската верзија на шоуто „Глас“, во кое жирито ги слуша изведувачите, но не ги гледа. Тие не поминаа во следната фаза од натпреварот, иако предизвикаа воодушевување кај членовите на жирито.

Како што објави порталот lci.fr, Денис, Пјер, Артур, Кирил и Владимир пристигнале во францускиот град Епине на Сена од различни краишта на Русија.

Па сепак, ниеден од членовите на жирито не го поддржа нивниот премин во понатамошната фаза на натпреварот. По настапот членовите на жирито ги опсипаа свештениците со комплименти. Поп-ѕвездата Лара Фабијан им предложи, меѓу другото, да пеат со неа на концерт во Москва.