Во Москва над 50000 луѓе се искапеа за Богојавление

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Повеќе од 50000 жители и гости на руската престолнина се нурнаа во вода на празникот Богојавление, соопшти за РИА „Новости“ прес-службата на одделението за цивилна одбрана, вонредни состојби и пожарна безбедност на Москва.

„До 10 часот во неделата, над 87000 луѓе ги посетија местата за богојавленското капење, од кои околу 53000 учествуваа во ритуалот“, рече соговорникот на агенцијата.