Димка е мачка од рускиот град Новосибирск. Поради мрзнење таа трагично ги загуби сите четири шепи и опашката и беше испратена на ветеринарна клиника. Лекарите знаеја дека мора да ги ампутираат сите четири шепи, а во такви околности обично се врши еутаназија на животните без сопственик.
Меѓутоа, локалниот ветеринар Сергеј Горшков не се откажува толку лесно. Тој ангажираше инженери и сибирски научници за да му помогнат да направи бионички протези за Димка. Новите нозе се отпечатени на 3Д-печатач и се покриени со специјален слој на био-ткиво слично на коскено ткиво за да се олесни вклопувањето на протезите.
Ветеринарна клиника „Бест“
Ветеринарна клиника „Бест“
Седум месеци поминаа од операцијата и мачката е во одлична состојба! Научи да трча повторно, да се мие и да се протега.
Патем, Димка е веќе втората мачка која со помош на Сергеј доби бионички протези на сите четири нозе.
Ветеринарна клиника „Бест“