Добро сте слушнале. Локалното одделение на полицијата во Јамало-Ненецкиот автономен округ објави фотографии од овој настан: петмина оперативци минуваат низ сиропиталиштето во полна опрема, со заштитни маски, панцирни елеци... и со капи на Дедо Мраз!
МВД России
Но, оваа хумана иницијатива предизвика поделени мислења во јавноста кога беа објавени фотографиите. „Тоа изгледа како поблага форма на идиотизам“, запиша еден корисник на „Фејсбук“. Други се придружија, истурајќи критики на специјалците за наводно неадекватниот и непримерен изглед.
МВД России
Меѓутоа, други застанаа во нивна одбрана: „Па што? Децата не изгледаат исплашено, ниту воспитувачите. Можеби тоа не им е првпат. Можеби специјалците го помагаат сиропиталиштето. А маските може да се објаснат со фактот што на специјалците не им е дозволено да ги објавуваат своите фотографии на интернет, а овие фотографии беа објавени на „Твитер“. Тоа е стандардна практика“.
МВД России
На 15 јануари 2020 година, фотографиите беа отстранети од „Твитер“, но останаа на некои информативни портали. Што мислите, кој е во право во оваа дискусија?