Во градот Бердск кај Новосибирск одржани трки на кучешки запреги (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Во неделата, во градот Бердск, во скијачката база „Метелица“ беше одржанo „Божиќно возење - 2020“ - трка на кучешки запреги. Оваа година таа собра десетици спортисти од регионите на Сибир, како и стотина истакнати претставници на алјаскини маламути, сибирски хаски, јакутски лајки. На стартот излегоа учесници од Новосибирск, Барнаул, Томск, Омск и Тјумењ. Беа организирани трки и за возрасни и посебно за деца.

Благиот студ (само -14) не им пречи на спортистите, тие страсно трчаат по патеката, приближувајќи се до финишот со задоволни лица. Навивачите на стартната точка/финишот бурно ги поздравуваа сите: и победници и останатите учесници, објави „Курјер. Среда. Бердск”.