Русија и Србија се среќаваат во полуфиналето на АТП купот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Бидејќи Русите под водство на Марат Сафин стигнаа до полуфиналето, совладувајќи ја Аргентина со 3:0, а српските тенисери исто така уверено со максимални 3:0 во Сиднеј ја совладаа Канада во четвртфиналето на новото тимско натпреварување, руските и српските тенисери ќе играат во полуфиналето на 11 јануари. Минатиот ноември, без Данил Медведев, Русите ги совладаа Србите во четвртфиналето на Девис купот со 2:1.

Во второто полуфинале домаќинот Австралија ќе се соочи со победникот од дуелот Шпанија - Белгија.