Токму овие зборови се врежани на споменикот поставен пред училиштето во кое одеше херојот.
„Учениците ќе го гледаат овој споменик секој ден и ќе ги читаат зборовите врежани на него. Сигурен сум дека зборовите што цела Русија ги знае ќе ги допрат нивните срца“, рече таткото на херојот Нурбаганд Нурбагандов.
На 10 јули 2016 година, за време на одморот во околината на родното село, Магомед Нурбагандов и неговиот братучед Абдурашид беа убиени од терористи, локални поддржувачи на тнр. „Исламска држава“. Терористите, кои го снимаа злосторството, бараа полицаецот пред камерата да им каже на своите роднини, пријатели, колеги да ја напуштат полицијата. „Кажи им да не работат“, му рекоа тие на поручникот полицијата.
„Работете, браќа“, рече Магомед и беше застрелан.
Владимир Путин постхумно го одликуваше поручникот со орден Херој на Русија.
Магомед Нурбагандов на 9 јануари 2020 година ќе наполнеше 35 години. Зад себе остави ќерка и син.