ЈАНУАРИ: Дијана Канаева, 22 години, клуб „Динамо“ Санкт Петербург
Напаѓачот на репрезентацијата на Русија е родена во градот Набережние Челни (1.066 километри од Москва). Во 2015 година ја освои бронзата со јуниорската репрезентација на светското првенство, а во 2018 година играше на олимписките игри.
„Сакав потопла и понежна фотографија, нешто со цвеќе. Но, фотографката ме виде токму ваква и, ми се чини, дека не згреши. Излезе одлично“, вели Дијана.
ФЕВРУАРИ: Елисавета Кондакова, 22 години, „Торнадо“ Дмитров, Московска област
Елисавета е голман како што порано беше нејзиниот татко. Има освоено бронзен медал со јуниорската репрезентација во 2015 година. Обожава руски рап.
МАРТ: Милена Третјак, 19 години, „Динамо“ Санкт Петербург
Братот на Милена тренираше пливање, но поради здравствени причини премина на хокеј, а му се приклучи и помладата сестра. Во 2017 година Милена Третјак го освои третото место на Светското јуниорско првенство. Сака да гледа хорор-филмови и да јаде слатки.
АПРИЛ: Анастасија Смирнова, 33 години, „СКИФ“ Нижни Новгород
Анастасија започна да игра хокеј на 19 години, но веќе по една година стана професионалец. Пред хокејот има учествувано на натпревари за убавина и мечтаела за музичка кариера. Нејзино хоби се нумизматиката и фотографијата.
МАЈ: Аљона Старовојтова, 20 години, „Торнадо“ Дмитров, Московска област
Аљона на само две години започнала да се занимава со уметничко лизгање, а на девет преминала на хокеј. Во 2015 година го освои среброто на Светското првенство и титулата најдобар стрелец, а во 2018 година учествуваше на Олимпијадата во Кореја. Своето слободно време го минува возејќи велосипед и квадроцикл.
ЈУНИ: Алина Орлова, 19 години, „СК Горни“ Ухта
Алина започнала да тренира хокеј, правејќи му друштво на брата си и долго играла со момчињата. По неколку години ја повикаа во репрезентацијата на Москва за која настапуваше и на првенството на Русија за спортистки до 18 години. Има освоено бронзени медали на Светското првенство за јуниори.
ЈУЛИ: Ана Пругова, 26 години, „Агидељ“ Уфа
Голман, шампион на Русија и учесничка на ОИ 2010 и 2014. За првпат гледала натпревар во хокеј на почетокот на минатата деценија и се заљубила во оваа игра. Во 2004 година за првпат застанала на мраз, а по година и пол учествувала со момчињата на натпревари во Русија. Во слободно време плива и составува сложувалки.
АВГУСТ: Нина Пирогова, 20 години, „Торнадо“ Дмитров, Московска област
Нина има освоено бронза на СП 2019, шампион е на Светската зимска Универзијада 2017 и учесничка на ОИ во Кореја 2018. Хоби ѝ е пишувањето и би сакала да пишува како Оскар Вајлд и Антон Чехов.
СЕПТЕМВРИ: Анастасија Летоваљцева, 21 година, „Бирјуса“ Краснојарск
Пред хокејот на мраз оваа девојка играше фудбал и хокеј на трева, и со тимот на Москва освои сребро во Првенството на Русија во хокеј на трева. Мечтае да ја види Шпанија.
ОКТОМВРИ: Александра Воврушко, 27 години, „СКСО“ Екатеринбург
Мечтаела за уметничко лизгање, а потоа увидела дека хокејот е вистински спорт. Сликањето и книгите за Хари Потер се нејзино хоби.
НОЕМВРИ: Елисавета Роднова, 20 години, „Агидељ“ Уфа
Елисавета на шест години тренирала хокеј со момчињата, а во 2017 година ја освои бронзата на СП за јуниори. Нејзин омилен хокеар е Сидни Кросби. Во слободно време гледа филмови, готви и планира нови патувања.
ДЕКЕМВРИ: Марија Баталова, 23 години, „Агидељ“ Уфа
Марија е трикратен шампион на Светската зимска Универзијада, а во 2018 година беше учесничка на Олимписките игри. Сака да слуша руски рок и рап.