„На православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го слават Раѓањето Христово им посакувам добро здравје и благосостојба“, се вели во честитката на сајтот на претседателот на Русија.
Како што се наведува, „во светлите Божиќни денови, милиони луѓе низ целиот свет се радуваат во душата и го чувствуваат допирот со повеќевековниот обичај што се пренесува од колено на колено“.
Покрај тоа, во честитката се истакнува дека Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија играат „огромна конструктивна улога во јакнењето на духовните и моралните темели на општеството, во зачувувањето на нашето историско и културно наследство и во воспитувањето на младината“. Се прецизира дека таа нивна плодна работа заслужува „најдлабоко признание“.
Sputnik/Алексеј Николски/ Kremlin via REUTERS
Претседателот Владимир Путин присуствуваше на Божиќната литургија во Спасо-Преображенскиот храм во Санкт Петербург. По богослужбата тој му ја подари на овој храм Тихвинската икона на Пресвета Богородица со светците.