Стручњаците на светилникот „Руска Мачка“ (Чукотка) се првите членови на воената морнарица што ја дочекаа Новата година, се наведува во соопштението издадено од Министерството за одбрана на РФ во вторникот.
Светилникот „Руска Мачка“ припаѓа на хидрографската служба на Воената морнарица на Русија. Се наоѓа на провлакот што се протега преку 20 км во Беринговото Море. Од јуни до декември, кога е можна пловидбата во овие води, припадниците на руската воена морнарица редовно дежураат на светилникот, менувајќи се секој месец, додека од јануари до крајот на зимскиот период светилникот се одржува периодично.