Дедо Мраз им подели над 200 тони подароци на децата и го заврши патувањето по Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот Дедо Мраз во пресрет на новогодишната ноќ го заврши патувањето во оваа земја, за време на кое посети педесет градови, ги запали светилките на централните елки и врачи преку 200 тони подароци, соопштија од неговото родно место, Велики Устјуг во Вологодската област во Русија.

Во градот Мирни тој учествуваше во лансирањето на ракетата „Сојуз-2.1б“ од космодромот Плесецк. Како што истакна Дедо Мраз, ракетата „успешно стартуваше“, рече неговата портпаролка Арина Мизгирева.

На 25 декември Дедо Мраз го посети планинскиот подрачје Архиз во Карачаево Черкесија, каде што ја отвори првата метеоролошка станица на височина од преку две илјади метри. Станицата ќе работи цела година.

Дедо Мраз низ целата земја посетуваше детски домови, онколошки центри и болници. Тој на децата им врачи преку 200 тони подароци, им ја честиташе претстојната Нова година и ги палеше светилките на елките каде и да се најдеше, рече портпаролката на Дедо Мраз.