Шефот на руската држава излезе на теренот во црвен дрес. Во неговиот тим играа прославените хокеари Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов, Александар Могилни и други. Освен тоа, за црвениот тим играше и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
kremlin.ru
За екипата во белите дресови настапија губернаторите на Тулската и Московската област Алексеј Дјумин и Андреј Воробјов, бизнисмените Генадиј Тимченко, Владимир Потанин и Роман Ротенберг, музичарот Игор Бутман и други.
kremlin.ru
Рускиот претседател постигна гол на натпреварот. Најпрво го прими пакот, а потоа, откако го врати додавањето, се постави добро и успеа да го погоди празниот агол на противничкиот гол.
Натпреварот заврши со резултат 8: 5 за тимот на Путин.