Рускиот претседател Владимир Путин се најде со својот овластен претставник Владимир Устинов кој за време на посетата на саемот за земјоделство во Адигеја од штандот зеде колбас.
На саемот, инаку, беа претставени млечни и месни преработки. Устинов, минувајќи покрај колбасите, зеде еден. Тоа го забележа претседателот и со насмевка го замоли да го врати на место. Ова го пренесува РИА Новости.
Овластениот претставник, смеејќи се, го врати колбасот назад.
„Врати го колбасот, сѐ ти е простено“, рече Путин, цитирајќи една руска крилатица.