Во Санкт Петербург бараат од Дедо Мраз за новогодишните празници да им подари снег

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Претседателот на комитет за култура на Петербург Константин Сухенко му се обрати на рускиот Дедо Мраз со молба пред Нова година да падне снег. „Би сакале многу снег, Дедо Мраз“, рече Сухенко на прес-конференцијата на новогодишниот чудотворец.

Дедo Мраз вети дека ќе jа исполни молбата на градските власти. „Денес ќе почнам со магии и ќе се потрудам за Нова година да завладее најчудесното, најдоброто расположение“, рече тој.

Патем, вчера во Санкт Петербург имаше бура. Брзината на ветрот над Финскиот Залив достигнуваше 30 метри во секунда, а брановите се креваа до четири метри во висина.

Работниците на системот за одбрана од поплавите во Санкт Петербург снимија како браната задржа огромни маси на здивената вода, заштитувајќи го градот од поплавување.