„Одговорот на тоа прашање ќе го дадат наредните генерации“, рече рускиот претседател.
„За нас, за современиците и за мене лично тоа не е релевантно прашање на кое морам да одговорам. Оцената ќе ја дадат дури наредните генерации. Луѓето од иднината ќе можат да ме оценат како историска личност“, рече Путин.