Сибирскиот земјоделец Васја Пељменот го прашаа кога ќе му излезе на мегдан на Емелјаненко!

Дмитриј Котов/Siberian Power Show; Дмитриј Голубович/Russian Look
Познатиот руски шамарџија Василиј Камоцки наречен Пељменот (руски тестенини како равиоли), во интервју за РИА „Новости“ призна дека е изненаден што за него знае и првиот човек на UFC Дејна Вајт!

- Мислиш ли дека си позната личност? - праша новинарот.

- Јас не мислам така, но луѓето мислат. Се сликаат со мене, - одговара Васја.

- Колку турнирите во шамарање ти го променија животот?

- Стекнав многу познаници. И шамарањето е само шоу. Но, заработив комбајн.

- Дали би сакал да заработиш повеќе од комбајн? Можеби да го претвориш сето тоа во бизнис?

- Не знам. Не се разбирам во тоа.

- Дали е шамарањето спорт или само шоу?

- Шоу. Иако, и Дејна Вајт објави на „Инстаграм“ снимка од нашиот турнир. Веројатно помислил сите споделуваат, па ајде, и јас.

-  Претседателот на UFC се стекнува со популарност благодарение на тебе?

- (се смее) Веројатно. Но, ми годи вниманието од негова страна. Се чудам. Многумина ми испратија линк до неговиот пост.

 - Не сакаш да станеш боксер или борец без правила?

- Без правила сигурно не, а што се однесува до боксот, би размислил.

- Сега сите би го предизвикале Александар Емелјаненко (помладиот брат на попознатиот Фјодор – заб. на уред.)

- Не би го предизвикувал Емелјаненко. Со него за 15 секунди би полетал над кукавичкото гнездо. Тоа би бил долг лет.

- Како научи да удираш толку силни шлаканици?

- Јас не тренирам плескање шлаканици. После првото натпреварување во Краснојарск, трипати бев во теретана, инаку, не правев ништо. Освен што ги хранев свињите, влечев вреќи, превртував тркала. Инаку, сакав да постигнам нешто во пауерлифтинг“, вели скромниот Васја. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња